Добар ден од улица Есенинова. Онаа иста улица Есенинова која градоначалникот Петре Шилегов ја промовира како завршена и за истата си пуштил реклама на Фејсбук. Улицата не само што не е завршена, повлечена е механизацијата и на терен не се одвиваат никакви градежни работи, пишува на Фејсбук советникот на ГРОМ и портпарол на партијата, Александар Трајановски.
-Ова не е прв пат градоначалникот Петре Шилегов недоизградена улица да ја промовира како готова. По Булеварот Босна и Херцеговина, улица Лазар Личеновски, улица Џон Кенеди сега и за улица Есенинова. Градоначалникот Петре Шилегов со ова докажува дека го преспа својот мандат, а позади неговата “Поинаква приказна” всушност се крие мрзеливост и лицемерие. Скопје една крајно лицемерна приказна, додава Трајановски.