Трајановски: Градот Скопје за три години се задолжи 30 милиони евра, каде Шилегов ги потроши тие пари не се знае

Во изминативе три години имаме три години на неработа и нереализација од страна на актуелниот скопски градоначакник Петре Шилегов, градот не изгледа поинаку, градот за три години се задолжи 30 милиони евра, граѓаните со право прашуваат каде се потрошени тие пари. Со оглед на тоа дека не се гледаат некои поголеми проекти во градот Скопје, рече Коце Трајановски поранешниот градоначалник на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Дневникот на Сител телевизија.

Трајановски вели дека има неколку проекти кои се оставени во фаза на градба, уште во времето кога тој бил градоначалник на Скопје, како булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во делот на Чаир и во делот на општина Бутел, како и булеварот „Србија“ кои проекти требало да бидат завршени брзо, но се одолговлекуваа.

Во Градот Скопје како градоначалник имав оставено 14-тина проекти за кои можеше веднаш да се почне со реализација, меѓутоа не се завршија. Жал ми е што не се заврши булеварот „Борис Трајковски“, кој ги поврзува Драчево и Пинтија кои населби имаат повеќе од 50-тина илјади жители, исто така и улицата „Есенинова“ која ги поврзува општината Аеродром и општината Кисела вода, но исто така не се ни почна, а беше ветувано дека ќе се пробие булеварот „Илинден“ со мост над Вардар, па уште еден мост над станицата спрема „Даме Груев“ кон обиколницата, но и тој проект не се реализираше, истакна Коце Трајановски.

Трајановски истакна дека жали што не беше завршен ни проектот за Луна паркот, кој касни веќе три години, истиот беше оставен во завршна фаза, беа набавени седум реквизити,но тие справи стојат некаде во магацин, па жално е што до сега градот Скопје нема забавен парк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.