21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Трајановски: Изборните спотови ниту сум ги нарачал, ниту сум ги правел

Во петокот Светска банка ги рангираше меѓу првите три во Европа и средна Азија, проектите за град Скопје, додека бев градоначалник, а денеска ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ на актуелната градска власт тоа ја загрижи и веднаш објавија дека поднеле претставка до антикорупциска, дека за некаков си изборен спот од кампањата во 2017 година се користеле неколку кадри од видео материјали кои ги правел град Скопје, објави поранешниот прв човек на локалната власт на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Изборните спотови ниту сум ги нарачал ниту сум ги правел. Прашајте ги тие што ги правеле изборните спотови.

Вакви конструкции на политичка дискредитација се својствени на оваа власт и очекувани во недостаток на работа и грижа кон жителите на Скопје“, реагираше Трајановски по најавите од актуелното раководство на Град Скопје дека поведува постапка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против поранешниот скопски градоначалник.

Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.

„Ниту јас, ниту Град Скопје, односно институцијата со која раководев до октомври 2017 година не го нарачала, ниту изработила тој спот и сѐ што сум работел до крајот на мандатот било согласно законските прописи. Затоа за бараните информации треба да се обратите кај тој што го изработувал тој видеозапис. Очигледна е намерата на актуелната градска власт за моја политичка дискредитација во недостиг на исполнување на ветувањата за кои беа донесени на власт“, истакна претходно во саботата Трајановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.