Трајановски: Македонија со СДСМ е во застој, затоа да се избориме за победа на ВМРО-ДПМНЕ да се подобрат условите за живот

Локалната самоуправа е многу значајна во развојот на една држава, Европа се темели на локален и регионален развој, за жал кај нас не е така, изјави поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеник и градоначалник, Коце Трајановски на настанот организиран од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“ што се одржува во Битола.

Трајановски посочи дека секогаш кога е СДСМ на власт, па така и сега локалниот развој е во застој, општините стагнираат и тонат во долгови, а парите завршуваат на непрофитабилни работи, само не кај граѓаните и за развој на општините.

„Во 90-те се укинаа сите ингеренции на општините, Македонија стана една од најцентрализираните држави, општините станаа месни заедници, им се земаа урбанизам, финансии, се она што значеше развој и добиваа минимална дотација од државата. Со новиот закон за територијални организации од 2005 година кога СДСМ беше на власт се прекрши Европската повелба за локална самоуправа и ги измени границите на општините без согласност од самите општини и граѓани, но со минималните приходи за општините јасно дадоа до знаење дека СДСМ не сакаше да има локална самоуправа и развој во Македонија“, рече Трајановски.

Истакна дека во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде централната власт, го намали ДДВ-то на општините, се простија каматите, а долговите на јавните претпријатија се даде да се отплаќаат со грејс период од 3 години и уште 10 отплата со што тие почнаа нормално да функционираат.

„Се вратија сите долгови на училиштата, се вратија долговите на општините и почнавме нормално да функционираме. Се донесоа закони со кои се зголемија изворните приходи на општините, како на пример продажбата на градежно земјиште 80% од парите да одат кај општините, закон за минерални суровини, закон за закуп на земјоделско земјиште, грантови и тоа беше знак дека ВМРО-ДПМНЕ размислува за локалната самоуправа и да се подобрат условите на општините“, рече Трајановски.

Трајановски нагласи дека сето тоа траеше до 2017 година кога СДСМ и за овие четири години ништо не направија за подобрување на локалната самоуправа, немаат ниту еден закон за да ги зголемат приходите на општините за тие да бидат постабилни.

„Општините сега се во долгови, а парите одат кај невладини, манифестации, непрофитабилни и несоодветни инвестиции, од кои граѓаните не гледаат корист. Единствено вработуваат партиски луѓе. Македонија со СДСМ огромен застој во локалната самоуправа и затоа мора да се избориме да победи ВМРО-ДПМНЕ за да почнеме да работиме локалната власт да добие значење и да се подобрат условите за живот во секое населено место и општина“, рече Трајановски.