14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Трајановски му порача на Шилегов да побара помош од збратимениот кинески град Нанчанг

Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски преку својот Фејсбук профил апелира до градоначалникот Петре Шилегов да побара помош од збратимениот кинески град Нанчанг.

Сакам уште еднаш да го повикам Градоначалникот Петре Шилегов доколку сеуште не побарал помош од збратимениот кинески град Нанчанг, тоа да го стори најбрзо што може. Верувам дека веднаш ќе испратат помош која ни е потребна во медицински материјали, мобилни болници, медицински персонал. Не е време за политика и геостратешки игри. Ве молам сторете го тоа за доброто на жителите на Скопје и Македонија.