Трајановски: Никаде во светот по линиски фонтани не се движат тешки возила

Фејсбук објава на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски:

Петре не сакав да коментирам, но кога прочитав дека кажувате дека линиската фонтана била неквалитетно направена ќе ви одговорам:
– фонтаната е квалитетно направена и ги има сите одобренија од надзорните органи. Се обидуваш да ја префрлиш вината на друг.
– никаде во светот по линиски фонтани не се движат тешки возила
– околу линиската фонтана имаше поставено гранитни топки кои укажуаваа и оневозможуваа да се движат тешки возила. Нив ги ставивме откако пропадна возило на ЈП “Улици и патишта”
– кога Папата го посети Скопје ги тргнавте и добар дел сега ги нема околу фонтаната.
– за чистење на фонтаната набавивме две електрични метларки кои поради малата тежина без проблем се движеа и ја чистеа и линиската фонтана. Каде се сега тие метларки, зошто не ги користите?
– оваа фонтана неколку години се чистеше и функционираше без проблем, очигледно дека сега грешката е човечка и организациска
– оваа метларка која денеска пропадна во фонтаната е премногу тешка за да се движи над линиската фонтана, требало да прашате во службите, тие знаат.
– ја нема или драстично е намалена и чуварската служба која се грижеше за плоштадите.
– Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше.
– се надевам дека нема да ти биде повод да ја тргнеш фонтаната туку да ја одржуваш според протоколот кој го знаат службите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.