Трајановски: Петре, ти оставив готов проект, зошто ја рушиш Универзална?

ФБ статус на Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје:

Петре, зошто ја рушиш Универзална?

Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски, му го однесов проектот и го замолив да започне градбата, но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална?

За јавноста да се запознае подобро, ќе и ги посочам следниве факти:
Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11, а во истата четврт е и поранешата фабрика „Треска“. Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за „Треска“, во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт, можеби се жртвува Универзална сала, на чие место треба да има парк, а со тоа на просторот на „Треска“ се добива поголем кофициент на изграденост.

Почитувани Скопјани, ако е така, се прашувам ова ли е тоа „Скопје – чекор по чекор“???

Наздравје!

П.С. За потсетување каков проект oставив и како требаше да изгледа до сега конгресниот центар „Александар Македонски“ со главна универзална сала “Тоше Проески”.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.