Трајановски: Раскалашеноста во општина Карпош кулминираше со обид за убиство, додека градоначалникот Богоев се одмора во Африка

Hеработењето и јавашлакот, доведе кон неодговорно и бахато однесување на админастрацијата во Oпштина Kарпош а врвот на раскалашеноста резултираше со обид за yбиcтвo во општинaтa додека градоначалникот Стефан Богoeв е на одмop во Aфpика, истакна во вторникот на прес-конференција пред Општина Карпош Алекандар Трајановски, портпаролот на ГРОМ и советник во Град Скопје,

Тајановски посочи дека оттуѓеноста од граѓаните под водство на општината на Богоев довела  до незаинтересираност и умисленост кај дел од општинската администрација дека тие се над сите и наместо да им служат на граѓаните уживаат во својата раскалашеност.

„Врв на таа неодговорност е вчерашниот љубовен четријаголник кои за среќа немаше трагичен епилог. Вербалната расрпавија меѓу вработена во општина Карпош со сопругата на нејзиниот колега кулминираше со физичка пресмета меѓу сопругот на вработената во општината и нејзиниот колега. Пресметката меѓу општинскиот службеник и сопругот на неговата колешка заврши со повеќекратни убоди од нож во телото на несреќниот сопружник“, истакан Трајановски.

За портпаролот на партијата ГРОМ, која изминатиот период до претходните локални избори ја водеше оваа скопска општина, зачудува фактот каков ментален склоп треба да биде општинскиот службеник кој на работа доаѓал со ладно оружје како да сме во средниот век.

„За жал, сторителот на ова тешко кривичнио дело (обид за убиство) е вработен другар на градоначалникот Стефан Богоев кој во моментов се одмара во Африка.. Замислете за уморниот Стефан Богоев малку места има во европа па отиде да одмара во Африка. Од што се умори градоначалниче??? Од непримање на странки? Од собирање арач? од играње кантер страјк? или пак од дружбите со твоите раскалашени пајташи на Златибор, Халкидики, Бали или Тајван?“, посои Трајановски.

Оцени дека градоначалникот Богоев е вистински пример на „заморен градоначалник од неработрење“ и затоа на овие локални избори граѓаните на Карпош ќе го пратат во „принудна пензија“, поради, како што рече Трајановски, јавашлукот неодговорноста застојот и уназадувањето на општината, енормната корупција и рекетот кој го собира по фирмите заедно со неговите другари.

„И во неповрат потрошените речиси 30 милиони евра за овие четири години“,заклучи Трајановски.