Трајановски се мајтапи со Шилегов: Купил 33 автобуси, а јас 320 за само три години!

403

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски објави статус на Фејсбук преку кој му се потсмева на актуелниот градоначалник Петре Шилегов во врска со купените градски автобуси.

Тој вели дека на Шилегов ќе му бидат потребни 10 мандати за да го замени возниот парк на ЈСП.

„Петре купил 33 автобуси. Во првите три години од мојот прв мандат набавивме 320 автобуси. Значи на Петре ќе му им требаат 10 мандати да го замени возниот парк на ЈСП“, напиша Трајановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.