Трајановски: Шилегов своевремено протестираше под маска за загадувањето, за сега Скопје да е меѓу петте најзагадени градови во светот

48

Вечерва во Дневникот на Сител телевизија гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, кој истакна дека градот Скопје од 31 мерка за реализација за решавање на проблемот со загадувањето има реализирано само една, после протестите под маски на Шилегов и останатите од СДСМ, три години ништо не е сторено за загадувањето.

Во однос на загадувањето во градот тој истакна дека неуспешно се справува градот со проблемот за загадувањето, ги нема веќе ни протестите, ниту организациите кои протестираа, господинот Шилегов, Макрадули, и останати се шетаа со маски тогаш и ветуваа дека имаат програма за справување со загадувањето, како и дека многу брзо ќе го решат овој проблем, меѓутоа не само што не го решија проблемот со загадувањето туку Скопје влезе во првите пет најзагадени градови во светот.

Тоа јасно зборува дека не се реализираат мерките кои треба да се реализираат за загадувањето во градот Скопје, но и како потврда за тоа е фактот дека од 31 мерка за загадувањето, градот исполнил само една мерка, така да на тој план не е направено ништо, посочи Трајановски.

Во однос на проектот за Универзална сала Трајановски вели дека конструкцијата е толку стара на тој објект што не може да издржи повторно реконструирање.

-Истиот тој готов проект ги имав однесено кај господинот Алаѓозовски кој беше министер за култура, подоцна рекоа дека ќе треба да се дислоцира, па под притисок на јавноста се одлучи повторно да се реконстрира, но морам да кажам дека Универзалната сала не може да биде реконструирана,затоа што стручните лица уште тогаш рекоа дека нејзината конструкција е толку стара што не може да издржи повторна реконструкција, туку треба од темел да се направи нова конструкција, вели Трајановски.

Во врска со проектот Скопје 2014-та Трајановски истакна дека на Градот Скопје истиот му има донесено четири пати повеќе туристи отколку што имаше, сметам дека овој проект му има донесено добро на градот, своевидна атракција, но и ако ги погледнеме сликите за тоа како Скопје претходно изгледало, па тој изглед се пресликуваше, но и голем дел на државни институции си добија свои енергетски ефикасни простории за вршење на својата работа.

Сметам дека никаква дислокација на споменици не треба да се изврши затоа што тоа е дел од историјата на Македонија, а со тоа се брише идентитетот на овој народ, вели Трајановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.