Трајановски: Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје беше во финансиска позитива, со Шилегов градот е задолжен и неспремен за капитални прокети

Во вечерашното издание на емисијата “Што не е јасно?” гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски кој зборуваше за инфраструктурната стагнација, погрешните политики на сегашниот градоначалник Петре Шилегов, како и лошите проекции за иднината и развојот на градот.

Трајановски потенцираше дека во време кога тој бил градоначалник, Град Скопје бил прогласен за еден од најмобилните градови во Европа. Приматот за најмобилен град не е ни малку случаен, поради тоа што се работеше на олеснување на градскиот јавен превоз, жичарата на Водно, вело патеките низ Скопје, како и пешачките зони, додава Трајановски.

„Во 2009-та, јавнните претпријатија должеа околу 17 милиони евра, а во 2011 година Град Скопје веќе беше стабилен и со спремен буџет за инвестирање во капитални проекти. Тоа покажува за силната администрација, посветената работа, како и јасната визија за напредок и реализација на проектите. Сега во 2017, откако Петре Шилегов го презема Град Скопје, градот е повторно задолжен и касата е празна. Тоа е доволен показател за недомаќинското работење на Шилегов”, истакна Трајановски.

Посочи  дека поради лошото менаџирање, градоначалникот Шилегов ги обврза скопјани да плаќаат поголеми даноци, како и јавното претпријатеи „Паркови и зеленило“ да наплаќа поголем данок покрај оној од „Водовод и канализација“, што е забележливо од сметките коишто стасуваат на месечно ниво.

„Таквите потези не се воопшто добри ниту за граѓаните, ниту пак за Град Скопје, бидејќи проблемите не се решаваат на таков начин, туку со реална перцепција за проблемот и професионален приод кон решавањето на истиот“, истакна Трајановски.

Додаде дека скопјани очекувале исполнување и реализирање на проектите коишто беа започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа да видат и нови од страна на Шилегов.

„Болната вистина е дека Шилегов не е способен ниту да ги доврши започнатите проекти, камо ли да започне нови капитални проекти. Градот доживува четиригодишна стагнација, парите се потрошени во празни проекти преку кои се перат пари, а граѓаните остануваат да се борат со секојдневните проблеми наметнати од не работата на Петре Шилегов и администрацијата“, констатираше Трајановски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.