Трајчевски: Поради несериозноста на владата кампањата ќе почне на полноќ, но Упатството за политичко рекламирање ќе се носи утре

Уредбата за рекламирање на изборите со законска сила беше изгласана вчера од страна на владата, но АВМУ дури утре ќе има седница на која ќе подготви Упатство за лимитите за платено политичко рекламирање на изборите 2020. Откако утре уредбата ќе излезе во службен весник, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија соопшти службата на АВМУ дури во текот на утрешниот ден ќе заседава за да го подготви Упатството.

-Ние видовме по медиумите што планира владата, односно што е донесено, но без да го видиме текстот во службен весник не можеме да носиме упатство. Имавме закажано за денеска седница во 21 часот, но бидејќи уредбата веќе излезе во службен весник во 18 часот, седницата е презакажана за утре во 12 часот за да можат службите да го прилагодат упатството. Така што кампањата ќе почне вечерва, но упатството ќе биде донесено утре. Односите помеѓу партиите и медиумите ако не се согласуваат тоа се решава на суд. Но, ние ќе бидеме толерантни и малите прекршувања нема да ги казнуваме бидејќи во оваа ситуација ни најмалку не се виновни медиумите за ваквото несериозно однесување на владата, дециден е Трајчевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.