Трајчевски: Владата нема законско право да преговара со медиумите

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија посочи дека министерот Дамјан Манчевски и владата со преговорите и носењето на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој се донесе пред да се распушти Собранието направи класичен обид за изборна корупција.

-Не знам која е логиката Дамјан Манчевски да преговара со телевизиите и да им ветува? Тој може да им ветува ако има приватна фирма негова па така да решава да им даде пари на телевизиите. Телевизиите треба да преговараат со огласувачите или со операторите за да го регулираат меѓусебниот однос. Владата нема никакво законско право да се вклучува во тој процес, изјави Трајчевски.

Тој додаде дека после состанокот на кој бил поканет на кој се разговарало за законот истиот го напуштил бидејќи почнале да се споменуваат суми на пари кои владата не треба да ги ветува, бидејќи не е надлежна за тоа.

-На тој состанок кога бев таму кога слушнав какви цифри се делат кој ветил и како ќе се делат јас го напуштив состанокот. Владата ветува пари за телевизиите од други компании, тоа е нон сенс. Владата апсолутно нема никакво законско право ниту морално право да биде вклучена во такви разгвори. Во оваа ситуација такво нешто е директен начин обид во овој период кога се очекуваше да има избори да се придобие наклоноста на медиумите од страна на власта или крстено по нашата терминологија обид за изборна корупција, потенцираше Трајчевски.

Изјави и дека владата со забраната да одредени медиуми не смеат да присуствуваат и поставуваат прашања на владините прес конференции е буквално обид не само за цензура туку и државен удар.

-Тоа е страшно прашање. Јас како граѓанин на оваа држава имам право да влезам во влада и да поставам прашање. Со кое право Роберт Поповски и Дамјан Манчевски ќе ми забранат да влезам во влада и да поставам прашање?јас сум граѓанин како и сите други два милиони. Му кажав и на премиерот Спасовски дека мерката е далеку од демократска и реагиравме со соопштение. А во касните вечери во неделата реагираше и ЗНМ и укажа да се повлече таа одлука, з ажал до денеска такво нешто нема, потенцираше Трајчевски.

Тој истакна дека ако тој чекор пројде, следниот ќе биде уште пострашен и подраматичен.