Трајковски: Никогаш не се откажуваме, без разлика што ќе играме против Италија

Најдобрата македонска репрезентација во месец март ја очекува баражот за Светското првенство за пласман на СП во Катар 2022, а противник ни е селекцијата на Италија.

Со нив ќе се соочиме на 24 март во Палермо, место кое е добро познато за дел од нашите репрезентативци.

Имено еден од нив е Александар Трајковски кој мина неколку години во составот од Сицилија и се радува што сега одново ќе може да игра на „Ренцо Барбера“.

 -Кога видов дека ќе играме против Италија, си помислив дека тоа ќе биде посебен натпревар. Потоа и дека истиот ќе се игра во Палермо. Колку прекрасно. Ќе се вратам на местото каде што бев добар, тоа ќе биде добар натпревар. Возбудливо. За мене и за Македонија. Имаме можност да одиме на Светско првенство. Кога ќе дојде време ќе размислуваме за тоа. Ние сме млад тим, Пандев повеќе не е со нас, ни недостасува. Ама ќе се бориме, играме со срце. Ние никогаш не се откажуваме. Имаме квалитет, порача Трајковски за „Тутомеркатовеб“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.