Трајковски: Очекувам да продолжиме во ист континуитет, со максимална мотивација и да го дадеме максимумот

Вториот најдобар стрелец во историјата на националниот тим Александар Трајковски ги кажа импресиите пред мечот со Ерменија и изјави дека сите фудбалери со нетрпение го чекаат настапот со новиот селектор Благоја Милевски и предивиците кои следат во дресот со државниот грб.

„Ова е наш прв собир по Европскпото првенство и среќен сум што сум дел од оваа репрезентација и што го гледам тимот во кој има нови млади фудбалери кои се дојдени. Очекувам да продолжиме во ист континуитет, со максимална мотивација и да го дадеме максимумот како што го правевме тоа досега. Сакам да продолжи добрата низа со резултати, имаме нов стручен штаб и според мене мислам дека сите се мотивирани да го одработат тоа што треба да се одработи. Што се однесува до Ерменија, игравме неколку пати. Најважно е да бидеме фокусирани и да играме така како што сме играле досега и сме победувале. Со новиот селектор сигурно ќе има и нови идеи, ќе се обидеме да се наметнеме кај него и да го исполниме она кое го бара. Имаме краток период, важно е по секој меч добро да се одмориме затоа што пред нас се мечеви во кратко време. Тука сум сум веќе долго време, но се чувствувам уште млад и сакам уште долги години да придонесувам за националниот дрес“, изјави Трајковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.