Традиционална крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи традиционална крводарителска акција, која оваа година ќе се одржи по одобрени протоколи, за заштита од Ковид-19.

Заинтересираните граѓани ќе имаат можност од 09 до 17 часот да учествуваат во ова традиционална крводарителска акција.

Согласно протоколите, задолжително е носење на заштитна маска.