Традиционално одбележување на Водици во Општина Илинден

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, годинава традиционално по седми пат oрганизира положување на крстот во езерото на хотел Бест Вестерн-Белви во населба Илинден.

За таа цел се повикуваат граѓаните на 19.01.2015 г. (понеделник) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот, обезбедени се пригодни подароци.