21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Трагедија: Четири деца и двајца возрасни починаа од жед во пустина

Шест мигранти, меѓу кои четири деца, починаа од жед во тунискиот дел од пустината Сахара во близина на границата со Алжир, изјави денеска Ајмен Бежауи, гувернер на тунискиот регион Тозеур.

-Мигрантите од субсахарска Африка загинаа во моментот кога топлотниот бран во моментот го зафати Тунис и целиот регион на Медитеранот, изјави Бежауи за локалната радио станица, пренесе Ројтерс.

Во Тунис, температурата достигна рекордни 50 степени Целзиусови во средата, објави Националната метеоролошка служба.

Туниските власти неодамна објавија дека има зголемување на мигрантите од африканските земји кои се обидуваат да ја преминат границата меѓу Алжир и Тунис за да стигнат до Европа преку Средоземното Море.