Трагедија на Стара Нова година: Девојче загина во сообраќајка кај Миладиновци

Денеска во 01:30 часот на крстосницата од улиците „2“ и „10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н. С. (20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т. П. (19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопјe, информираат од МВР.