Трагедија: Oд коронавирус починаа браќа на возраст од 26 и 21 година

Починаа двајца браќа од Кавадарци од компликации предизвикани од коронавирусот. Браќата биле на возраст од 26 и 21 година.

„Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал, денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26-годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21-годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови што можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство“, вели на Фејсбук градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој апелира до сограѓаните да се придржуваат до мерките против ширењето на ковид-19

„Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од три дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија. Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови“, посочи Јанчев.