Трагедија: Сакал да и’ помогне на екипа на ЕВН, но исчезнал во водите на Вардар

Во текот на вчерашниот ден во СВР Велес било пријавено дека е исчезнато лице од с. Белештевица, кој се обидел да помогне на екипа на ЕВН да го излечат нивното возило, но најдодената вода го однела С.Н. за кој се уште се трага.

– На 06.08.2020 во 14.47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с. Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар – се вели во соопштението од СВР Велес.

При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.