11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Трагедија во Индија: Училиштен минибус падна од карпа – најмалку 11 луѓе загинаа, сите останати се во критична состојба (ФОТО)

Единаесет лица загинаа, а 29 се повредени, откако преполн училиштен минибус падна од карпа во северниот дел на Индија. За време на несреќата во минибусот се возеле речиси 40 луѓе.

Девет лица загинале на лице место, а две им подлегнале на повредите подоцна во болница.

Официјални лица информираа дека 29 луѓе се во критична состојба, вклучувајќи шестмина кои со хеликоптер се префрлени во болница во Џаму.

Заменик гувернерот Маној Синха на Твитер напиша дека семејствата на жртвите ќе добијат отштета од 500.000 рупии (6.300 евра). (МИА)