Трагедија во САД, две деца загинаа во хаварија на автотрки

Две деца загинаа а уште осум други лица се повредени во несреќа на автомобилистички натпревар во градот Кервил во американскиот сојузна држава Тексас, објави на својата страница на Facebook локалната полиција.

Како што е објавено, несреќата се случила во саботата попладнето, кога автомобил кој учествувал во натпреар по забрзување по права патека „дрег-рејзинг“ ја изгубил контролата, излетал од пистата на локалниот аеродром на кој се одржувал настанот и влетувајќи меѓу гледачите удрирајќи во паркирани автомобили.

„Во несреќата загинаа две лица: шестгодишно момченце кое почина на местото на настанот и осумгодишно момченце кое беше пренесено во Регионалниот медицински центар Питерсон во Кервил, каде што е објавена неговата смрт“, се наведува во полициското соопштение.

Покрај тоа, настрадале уште осум лица. Четворица се префрлени со хеликоптер во болниците со сериозни повреди. Уште черити, од кои две се деца, се здобиле со помалку сериозни повреди.