Трагедија во Волково: При пожар во куќа изгоре жена

Полицијата утринава во 04.35 часот добила пријава дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

-При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51), информира МВР.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.