Ангел А. е починатиот македонец, граѓанин на Штип, бивш припадник на вооружените сили на АРМ.
Во мошне штурата потврда за трагичната вест, што доцна попладнево пристигна во МНР, испратена од корејската компанија ХГС Кореа, на чиј брод наменет за превоз на стоки, се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот окен во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, инаку, еден од неколкуте Македонци, кои биле работно ангажирани за обезбедување на бродот од таканаречените морски пирати.
Други детали портпаролот на МНР, Боро Мирчески за Канал пет најави до крајот на денот или во текот на утрешниот, во зависност од тоа, како ќе пристигнуваат информациите од спомнатата компанија сопственик на бродот превозник.
Починатиот македонски државјанин беше семеен човек. Оженет, татко на едно дете, објави Канал 5.