ТРАГЕДИЈА: Почина малолетно девојче по пад од скутер

Во битолско почина малолетно девојче откако претходно паднало од скутер.

Битолската полиција рано утринава била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице.

Полиција на лице место во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17 – годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа.

Најверојатно ова малолетно девојче настрадало, откако претходно  паднало од скутерот и од добиените повреди починало на лице место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.