Трагедија во Хрватска, воз усмрти тинејџери

69

Страшна трагедија ја потресе Хрватска откако заљубени тинејџери на возраст од 19 и 16 години загинаа во железничка несреќа, додека шетале по шини слушајќи музика.Несреќата се случила вчера вечер околу 23 часот во близина на местото Ражина во Хрватска.

Како што пренесуваат локалните медиуми, заљубениот пар ги усмртил возот кој се движел од Шибеник кон Перковиќ.
До несреќата дошло кога момчето и девојката шетајќи по шините, не успеале да го слушнат залетаниот воз, бидејќи слушале музика со слушалки на уши.

Не помогнало ниту силното трубење на возот, кој ги усмртил на лице место.Шините биле омилено место на младиот заљубен пар, каде што често шетале враќајќи се од локалниот трговски центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.