Трагедија во Прилеп: Автобус удри жена

Трагедија во Прилеп, жена го загуби животот во сообраќајна незгода.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа, околу 22.20 часот на раскрсницата од улиците Марксова и Егејска се случила сообраќајна незгода која била фатална за 45-годишната Виолета С.

Додека поминува улица, во неа удрил автобус управуван од 25-годишниот И.В.

Од здобиените повреди, таа починала на лице место.

Полицијата работи на откривање на причините за несреќата.