Семејна трагедија се одигра околу 13 часот во саботата во скопската населба Бутел на улицата „Хо-Ши-Мин“. Осумдесет и четиригодишниот П.Т: со огнено оружје пукал кон неговите сопруга, ќерка и внук, по што се самоубил.
Од полицијата соопштија дека на самото место починал внукот, 32- годишниот Т.С., додека со возилот на Итна медицинска помош во Ургентниот центар биле пренесени сопругата (П.Т.) и ќерката Л.С. (1959) кои се наоѓаат во животна опасност.
По пукањето, П.Т. (1933) си го одзел животот.
Полицијата е излезена на лице место и врши увид, по што се очекува да бидат познати повеќе информации.