Трајановски: Акцијата на Бит Пазар нема да е последна

Инспекциските служби ќе продолжат со акции преку кои ќе се отстрануваат дивите тезгаџии од локациите каде тоа не е довзволено, рече денеска скопскиот градоначалник, Коце Трајановски.

„Да точно е дека денеска на Бит Пазар се одвиваше инспекциска акција против дивите продавачи. Во акцијата учествуваа инспекциските служби на Град Скопје, општина Чаир и пазарната инспекција, како и екипи на Министерството за внатрешни работи. Оваа акција нема да биде последна. Ќе продолжиме се додека од сите локации не ги отстраните дивите продавачи“, рече Трајановски.

Трајановски додаде дека акции на испекциските служби и МВР од ваков тип нема да се спроведуваат само кај Бит Пазар, туку и на сите останати локации каде ќе биде забележано поставување на диви тезги.