Вардар стана европски шампион откако денеска со 24:23 го победи ПСЖ во финалето во Келн.
Спортската гордост на Скопје, стана ЕВРОПСКИ ШАМПИОН. Град Скопје во вторник ќе го организира пречекот на нашите шампиони. Да ги дочекаме достоинствено, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Според последните информации, ракометарите на Вардар со чартер лет во Скопје ќе се вратат во вторник претпладне. Точниот термин на нивното пристигнување дополнително ќе биде објавен,