Трајановски ќе го реши сообраќајниот метеж на „Пластичарска“

Во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје, во новата изборна програма 2017-2021 е предвидена реконструкција и проширување на улицата „Никола Карев“.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Чаир на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Нермин Теловска.

– Улицата „Никола Карев“, или популарно наречената „Пластичарска улица“ е тесно сообраќајно грло во Скопје каде се создаваат голем сообраќаен метеж. Со овој проект е предвидено реконструкција и проширување на постојаниот коловоз во должина од 1200 метри, поточно на потег од клучката кај Бит пазар па се до крстосницата кај амбасадата на САД во Република Македонија. Со реализацијата на овој проект ќе се добие ново сообраќајно решение со 4 коловозни ленти, нови пешачки и велосипедски патеки, а ќе се реконструира и атмосферската и фекалната канализација, кажа Трајановски.

 

Кандидатот за градоначалник Трајановски потенцираше дека ова е само дел од големиот број на нови капитални инфраструктурни проекти коишто се предвидени во изборната програма да се реализираат на територијата на општината Чаир, а како најважни ги издвои реконструкциите на улиците Македонско-косовска бригада, Ферид Мурати, Лазо Трповски, довршување на реконструкцијата на улицата Втора Македонска бригада и многу други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.