Трајановски: Ќе се реконструираат 15 училишта во вредност од 33,5 милиони денари

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети средното училиште „Михајло Пупин“ каде што во тек се градежни работи за реконструкција на покривот на училиштето и санитарните јазли.

Трајановски истакна дека град Скопје и оваа година продолжува со реконструкцијата на средните училишта, или вкупно 21 средно училиште во Скопје. Оваа година како што истакна градоначалникот , ќе бидат реконструирани 15 средни училишта, На 4 училишта ќе се заменуваат крововите, на 3 училишта ќе се заменуваат подови и на 3 ќе се заменуваат санитарни јазли, додека пак на едно училиште ќе се менуваат клупи, столици и табли.

-Вкупната вредност која што градот Скопје ќе ја издвои оваа година за реконструкција на овие 15 училишта е 33,5 милиони денари, од кои што 15 милиони денари ќе бидат наменети за реконструкција на крововите а 18,5 милиони денари за реконструкција на подови, санитарни јазли и за опрема, изјави градночалникот Коце Трајановски.

Градоначалникот додаде дека во периодот од 2009-2013 биле потрошени 132 милиони денари за реконтрукција на средните училишта на град Скопје. Заедно со овие 35 милиони денари сумата потрошена за реконструкција на средни училишта до сега изнесува околу 3 милиони евра.

Сметаме дека парите кои се даваат за средните училишта се многу важни бидејќи со тоа се овозможуваат подобри услови за учење на учениците во средните училишта. Истотака се овоможува поголема енергетска ефикасност како и подобар изглед на овие училишта. Она е што е значајно е дека оваа година градот Скопје истотака направи громобранска заштита на повеќе средни училишта со порани фаќачи на громови кои обезбедуваат поголема безбедност на училиштата при елементарни непогоди, додаде Трајановски.