Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска ќе го прими светскиот рекордер-маратонец Вилсон Кипсанг, кој во Скопје доаѓа како промотор на Виз ер Скопскиот маратон 2014 година, што ќе се одржи утре.
По приемот кај градоначалникот Трајановски, Кипсанг ќе присуствува и на детската „Колгејт трка“ трка што е дел од активностите на годинешниот Виз ер Скопски маратон, а по завршувањето на трката, на најдобрите деца-маратонци ќе им ги додели и наградите.