Трајановски: Со Коневски направивме многу за напредок на Аеродром и Скопје, така ќе продолжиме и по изборите

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Тој кажа дека се собрани на овој собир за да се изрази задоволство дека граѓаните се подготвени на 15 октомври да слават уште една голема победа за Општина Аеродром и за градот Скопје, а кажа дека победата ќе дојде затоа што тоа што го ветиле тоа и го исполниле.

-ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија е партија и коалиција која она што го ветува и го исполнува. На локални избори граѓаните гласаат за човек , за личност, за личност во која имаат доверба, за личност за која знаат дека ќе работи за интересите на општината и на градот Скопје. Гласаат за проектите кои што се реализиани и во Аеродром и градот Скопје. Гласаат за програмите со кои што се предвидуваат нови проекти, гласаат за проверени и докажани кандидати, тие не ризикуваат да гласаат за кандидати кои што водат само гола политика, голи фрази и без работење. Ова е Скопје, не можете во Скопје да лажете со гола политика. Долго сум во локалната самоуправа, имам големо искуство, изјави Трајановски.

Тој кажа дека не води висока политика, туку работи и гради за сите жители на градот, во сите скопски општини.

-Скопје одлично го познавам, во него сум пораснал и живеам. Работам посветено да ги подобрам условите за живеење. На локалните избори во 2009 и 2013 година вие, почитувани жители на градот Скопје, ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник на Скопје. Тоа за мене беше огромна чест, но и голема одговорност да го исполнам ветеното. Денес ви упатувам искрена благодарност, на жителите на Аеродром што ми ја дадовте добербата. Денес, стојам пред Вас со гордо крената глава зашто зад себе оставам проекти кои доволно говорат за мојата посветеност за Скопје. Реализиравме Проекти кои го сменија ликот на Скопје, тој е веќе многу поразличен, за разлика од 2009 година.Реализиравме проекти кои го Сменија ликот на Аеродром. Реализиравме Проекти кои ја подобрија хигиената и проточноста во сообраќајот, го зголемија зеленилото, ја подобрија инфраструктурата, екологијата, културата, образованието, во сите сфери од нашето живеење, изјави Трајановски.

Тој спомена и дел од проектите, како што се проширување на булеварите Србија, Трета Македонска бригада, Видое Смилевски Бато, АСНОМ. Спомена дека нов коловоз добија булеварот Јане Сандански, булеварот Васко Карангеловски. Дека тоа се дела кои говорат за Аеродром.

-Ја направивме Рута 2 од проектот на Градот Скопје, Вело Скопје, која овозможи да се Изградат велосипедските патеки долж бул. Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански, се до Кузман Јосифовски, па до Карпош и Ѓорче Петров, изјави Трајановски

Тој напомена и дека Европска Унија ја препознала мобилноста на градот Скопје и градот поради тоа добил награда, со што Скопје е во првите три по по мобилност во Европа, заедно со Малме и Лисабон. Тој најави дека овој проект ќе продолжи.

Тој кажа и за многу други роекти во општината, како што се велосипедски патеки на кејот на реката Вардар, со вкупна должина 5.188 метри

-Направивме 800 паркинг места во Општина Аеродром – нови паркинг-места на улиците Васко Карангелески, АВНОЈ, АСНОМ и на повеќе локации по должината на булеварот Јане Сандански. Изградивме нов паркинг под Транспортниот центар со нови 280 паркинг-места. Направивме и реконструкција на водоводна мрежа долж повеќе улици во Аеродром, изјави Трајановски.

Тој кажа дека направена била и реконструкција на постоечка водоводна мрежа во Pеонски центар за новите 5 бунари во општина Аеродром – 1 300 метри, реконструкција на водовод долж булеварите,,Фебруарски Поход’’ (ниска и висока зона) – 616 метри, реконструкција на водовод на бул. Јане Сандански дел од ул. Ѓорги Капчев 9 – 106 метри, реконструкција на водовод долж Ул. Пандил Шишков – 170 метри, нова водоводна мрежа на улицата Васко Карангелевски – 350 метри

-Изградивме атмосферска канализација на булеварот Србија во должина од 2 килоемтри, на булеварот Трета Македонска Бригада – 2.700 метри, на булеварот Видое Смилевски Бато – 510 метри, на булеварот АСНОМ – 430 метри. Изграден е најголемиот нов парк во Аеродром, помеѓу бул. АСНОМ и Февруарски поход, со вкупна површина од 100.000 метри, заедно со Општината Аеродром и тоа е новата зелена оаза во Аеродром и градот Скопје. Изграден нов парк долж бул. Февруарски Поход, на површина од 13.000 квадратни метри. Уредено зеленилото на булеварот Видое Смилевски Бато, изјави Трајановски.

Тој за сето тоа испрати благодарност и до Советот на Општина Аеродром и за градоначалникот на општината, Ивица Коневски. Тој напомена дека се инвестирало во сите општини, дека ниту една не била оставена

-Денес повторно ја барам вашата доверба, за уште еден градоначалнички мандат, врз основа на оваа програма, во оваа програма има проекти за сите 10 општини во градот. Бараме доверба и за Советот на Општина Аеродром и за градот Скопје. Оваа пограма е правена заедно со луѓе од сите области, заедно со граѓаните на Скопје. Заедно со општините, заедно со градоначалниците, заедно со идниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски. Во програмата има голем број на проекти и за општината Аеродром, изјави Трајановски.

Тој ги спомена и голем број од проектите, кои кажа дека ќе ги реализира заедно со сегашниот и иден градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски.

-Општината Аеродром е млада општина но општина со многу зеленило и паркови . Општина која е пример за уреденост и организираност, благодарение на градоначалникот Ивица Коневски. Затоа, за да можеме да продолжиме да работиме во тој дух, Вашите гласови дадете ги за Ивица Коневски и да победи уште во првиот круг. Градоначалникот Ивица Коневски е човек кој многу градеше и инвестираше и посветено работеше за Општина Аеродром, плод на таа негова посветеност се и многуте реализирани проекти, кои ги подобрија условите за живеење во Општина Аеродром. Тој е човек кој се дружеше и ќе се дружи со вас, човек кој има визија, кој има план, кој живее овде, кој ќе ги реализира проектите кои што ги вети, нагласи Трајановски.