Трајановски: Во недела да славиме заеднички победа во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел

450

Вечерва на мини митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Драчево во Општина Кисела Вода, пред граѓаните се обрати и Коце Трајановски. Тој напомена дека одејќи накај Драчево се присетил на 2009 година, кога прв пат дошол да ја бара довербата од драчевчани за градоначалник на Првомајска.

„Се сеќавам на булеварот ‘Борис Трајковски’, тесна улица, неасфалтирана, неосветлена, со дупки и многу ми требаше да дојдам до овде. Истото беше и во 2013, сега состојбата е сосем друга. Ви ветив во 2009 година дека ‘Борис Трајковски’ ќе го правиме булевар до населба Драчево, направивме три фази од булеварот ‘Борис Трајковски’“, изјави Трајановски.

Кажа дека е така направено бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа, што како што кажа Трајановски, првпат град Скопје да направи нешто толку многу за оваа населба.

„Денеска сме тука да му дадеме поддршка на Јохан Тарчуловски. Тој ви ветува работа, ви ветува проекти за секое населено место во Општина Кисела Вода, вклучувајќи го и село Драчево и населба Драчево и останатите делови. Јас го знам Тарчуловски како човек кој што е многу работлив, многу вреден, многу упорен и сигурен сум дека она што ви го ветил и тоа и ќе го оствари. Општина Кисела Вода ќе биде една од најубавите општини во градот Скопје и Република Македонија“, рече Трајановски.

Побара од присутните да му дадат многу поголема доверба на Тарчуловски в недела, да биде толку голема за да може со голем резултат да победи за Кисела Вода, за бастионот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да гласате за човекот, да гласате за проектите коишто ќе ги подобрат вашите услови за живот овде во Кисела Вода. Во недела да славиме една голема победа за Општина Кисела Вода, за Општина Гази Баба и за Општина Бутел“, порача Трајановски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.