Трајко Вељаноски сведок на судењето за „27 април“

Судењето за упадот во Собранието на 27 април минатата година продолжува денеска со сослушување сведоци предложени од одбраната, меѓу кои и Трајко Вељаноски и Зијадин Села.

На претходното рочиште своја одбрана даваше обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој беше еден од клучните сведоци за крвавиот четврток. Тој сведочеше дека командите на 27-ми април доаѓале од палатат на ВМРО ДПМНЕ, а Хард дисковите од безбедносните камери во Собранието биле уништени во една од базите на УБК. Нинџа делувал под прекарот Самурај, а го ангажирал лично бегелецот Горан Грујевски. Сведочеше и дека претседателот Иванов планирал да прогласи воена состојба. Но, под притисок на странски фактор како што рече тоа не се случило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.