Трајковски и официјално нов играч на Мајорка

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски денес и официјално беше претставен како нов играч на Мајорка.

Крилниот напаѓач стави потпис на 4-годишен договор со шпанскиот тим, за кој оваа сезона ќе биде прва во Примера после шест години.

Трајковски доаѓа од Палермо каде помина четири сезони. За клубот од Сицилија одигра 113 натпревари, во кои реализираше 20 гола и 16 асистенции.