Трајковски: Комисијата за исплата на штети не функционира, новата Влада да продолжи со помош на граѓаните погодени од поплавите

Деновиве граѓаните доаѓаат кај мене и реагираат околу исплатата на штетите на домаќинствата, односно за објектите. Во комуникација со комисијата која беше формирана од страна на Владата добив информација дека за жал таа комисија поради тоа што неколку членови се разрешени истата не функционира, изјави на денешната панел дискусија градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

„Би упатил апел до Владата што поскоро да се формира таа комисија и да продолжи со својата работа и да продолжи со обештетување на Владата како обврска која што беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а со доаѓањето на СДСМ имаме застој на исплатата. Апелирам да продолжи обештетувањето се со цел жителите да си ги санираат своите штети“, порача Трајковски.

https://www.youtube.com/watch?v=AsJ3Mps_3VM