Трајно одземена дозволата на брокерската куќа „Алта виста брокер“

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на барање на брокерската куќа „Алта Виста Брокер” АД Скопје, на 33-тата седница трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност.

Одземањето на дозволата е поради донесена Одлука за престанок со работа на „Алта Виста Брокер” АД Скопје од страна на Собранието на акционери на брокерската куќа.

Истовремено, со трајното одземање на дозволата за работа на „Алта Виста Брокер” АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе поведе постапка пред надлежниот суд.

Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство  брокерската куќа „Алта Виста Брокер” АД Скопје.