Трајно се решава проблемот со водоснабдувањето во Кочани

159

На денешната 27 седница на Собранието на Република Македонија наменета за пратенички прашања, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов упати прашање до Министерството до земјоделество шумарство и водостопанство кое се однесуваше на изградбата на браната Речани.

„Бидејќи се работи за многу голем проект би рекол историски проект со кој трајно ќе се реши проблемот со водноснабдувањето во Кочани и околните населени места, а исто така и не помалу важно е тоа што ќе се обезбеди вода за наводување за нови 1500 хектари земјоделсто земјиште би ме интересирало со која динамика е предвидена изградбата на браната“.

Одговор доби од министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство кој истака дека проектот за изградбата на браната е изготвен оваа година и постапката за изградба на пристапниот пат до браната е веќе отпочнат и се очекува идната година патот да биде завршен.

-Откако ќе биде завршен патот нормално е дека ќе се отпочне со изградба на браната. Тендерската документација за браната е изготвена и за избор на изведувач на браната најверојатно ќе објавиме некаде во март-април и очекуваме во 2015 да се избере изведувач на браната, истакна министерот Цветков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.