Трактор прегази дете во беровско

Според полицијата вчера околу 15.30 часот е пријавено дека во атарот на беровското село Двориште, пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „диат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, четиригодишно дете паднало од приколката и било прегазено со десното тркало.

Детето здобило тешки повреди и било пренесено во Здравствениот дом во Берово, а потоа во медицинскиот центар во Штип.