Тракторист од кумановско го загуби животот

Вчера  во атарот на с.Кокошиње на патот с.Живиње-Куманово, дошло до несреќен случај во кој животот го загубил Борко Ј.(52) од с.Доброшање, кумановско.

Имено, Борко Ј. управувајќи трактор изгубил контрола над истиот, при што се превртел и од здобиените повреди починал на лице место.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.