Тракторист тешко повреден во сообраќајка во струшко

32

На 10.11.2020 во 17.20 часот на магистрален пат А-2 од Струга кон с.Подмоље, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Вевчани и трактор „ИМБ 558“, управуван од С.А.(68) од Струга, информира МВР.

Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош.

Увид на место извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.