Трамп ја критикуваше идејата за изградба на „Морскиот ѕид“ во Њујорк

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше идејата за изградба на бариера за заштитна на Њујорк од бурите.

Поставувањето на „гигантската бариера“ во пристаништето на Њујорк, на неколку наутички милји од брегот, е еден од проектите на инженериските војски на САД, чијапто цел е заштита на мегалополисот од сѐ почестите бури, пишува весникот The New York Times. Цената на оваа бариера зе проценива на 119 милијарди долари, а нејзиното градење би можело да трае до 25 години.

„Масивниот 200-милијарди вреден Морски ѕид околу Њујорк, за заштита од ретките бури, е глупава и еколошки неповолна идеја, кога ќе има потреба од неа таа најверојатно нема да функционира. И ќе изгледа ужасно“, напиша Трамп на Twitter.

Додава дека њујорчани „ќе мора да ги подготват своите крпи и кофи“.

Кога станува збор за ѕидовите, Трамп во предизборието во 2016 година вети таков на копнената граница со Мексико, преку која во САД пристигнува најголемиот број илегални имигранти. Прашањето за изградбата на овој ѕид предизвика буџетска криза на крајот од 2018 и почетокот на 2019 година, кога неможејќи од Конгресот да ги добие бараните средство, Трамп прераспредели други ставки во буџетот, како што е прогласување вонредна состојба, за градење на пограничната бариера, и вети дека ѕидот ќе биде изграден до изборите во 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.