Трамп ја критикуваше помошта за Украина, ги поддржа царините и даночните намалувања

Поранешниот американски републикански претседател Доналд Трамп ја критикуваше американската помош за Украина на состанокот со републиканските пратеници во четвртокот, ги повика да намалат некои даноци и го поддржа царините, рекоа учесниците на состанокот, додека поранешниот станат на Белата куќа сака да го зацврсти единството во партијата пред изборите на 5 ноември.

Трамп на состанок зад затворени врати рекол дека ќе работи на проширување на тесното мнозинство на партијата во Претставничкиот дом од 213 на 218 места и дури дека ќе помогне да се реизберат двајца републиканци кои гласаа за негово отповикување откако неговите поддржувачи кои велат дека минатите избори во 2020 година се украдени во позла на демократот и актуелен претседате Џо Бајден упаднаа на Капитол на 6-ти јануари 2021 година.

Трамп, исто така, ги повикал републиканците во Претставничкиот дом да не вршат притисок за забрана на абортусот на национално ниво и ги повикач да се откажат од внатрешните борби што ја ослабнале нивната ефикасност, рекле за Reuters некои од пратениците.

Трамп и демократскиот претседател Џо Бајден имаа цврста власт во текот на нивните први две години на власт, но нивните партии потоа ја загубија контролата над Претставничкиот дом, слабеејќи ја нивната способност да донесуваат закони.

Подоцна во четврток, републиканскиот претседателски кандидат ќе се обрати и на форумот Бизнис тркалезната маса (Business Roundtable), една од најмоќните деловни организации во САД, која обединува повеќе од 200 челници на компании.

Републиканците се надеваат дека Трамп ќе го победи Бајден, ќе го зајакне нивното тенко мнозинство во Претставничкиот дом и ќе ја преземе контролата врз Сенатот, каде што демократите во моментов водат 51 до 49 места, вклучително и мандатот на потпретседателката Камала Харис.

Трамп ги повикал пратениците да ги намалат даноците на приходот за напојниците, идеја што тој првпат ја даде во неделата за да ги придобие работниците во секорот услуги.

Трамп го критикувал пакетот помош од 60 милијарди долари за Украина, кој неодамна беше усвоен со поддршка на републиканците, изјавија пратениците. „Тој се прашува каква ќе биде користа ако победи Украина“, изјави за новинарите републиканецот Дон Бејкон.

Бејкон додаде дека Трамп поддржува царини за кинески производи. „Тој само рече дека церините се моќна алатка за извршната власт (на владата). И можете да ги користите во преговорите со Кина и да добиете отстапки“.

Трамп им рекол на републиканците дека треба да им дозволат на сојузните држави да ги спроведуваат сопствените политики за абортус наместо да се залагаат за национална забрана по одлуката на Врховниот суд од 2022 година со која се прекина пристапот до абортусот на федерално ниво. Многумина во партијата сакаат целосна забрана на постапката за прекин на бременост.

„Тој повтори дека мисли оти тоа е правилна одлука, дека некои држави ќе направат едно, а други ќе направат друго“, рече републиканецот Френч Хил за новинарите.