Трамп ја нафрли идејата за свое присутво на парадата во Москва

56

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој очигледно е наклонет кон парадите како демонстрација на воената моќ, нафрли дека во мај следната година би можел да присуствува на традиционалната воена парада во Москва.

Како што пишува во саботата германската новинска агенција DPA, „како гром од ведро небо“, американскиот претседател Доналд Трамп ја споменал идејата за прифаќањето на поканата од рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на годишната воена парада на Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва.

„Тоа е навистина важно, прославата на крајот (на Втората светска војна)… Благодарен сум на оваа покана, сред политичката сеозна. Би сакал да одам, доколку можам“, изјавил Трамп пред новинарите.

Овој коментар предизвијка остра реакција од кандидатката за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во номври следната година, Камала Харис. Таа на Twitter напиша „Секогаш е убаво да се мине времето со приврзаниците на кампањата“.

Претходно во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата РИА потврди дека сѐ уште нема официјален одговор за евентуалното присуство на Трамп на празничната парада на 9-ти мај следната година во руската престолнина. Американскиот претседател и претходно рече дека размуслува за можноста да прусуствува во Москв, иако предизборната кампања во САД на која ќе го бара вториот мандат моќе да го спрчи во тоа.

Парадата по повод Денот на победата во Москва е настан кој предизвикува големо внимание во светот, и чести коментари во врска со присуствата на светските челници. Досега ниеден американски претседател не присуствувал на парадата. Следната година, пак, е јубилејна и се одбележува 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.