Трамп ја напушти болницата по тридневната хоспитализација поради Covid-19

President Donald Trump walks out of Walter Reed National Military Medical Center to return to the White House after receiving treatments for covid-19, Monday, Oct. 5, 2020, in Bethesda, Md. (AP Photo/Evan Vucci)

Американскиот претседател Доналд Трамп, како што претходно најави на социјалните мрежи, во понеделникот по локално време го напушти Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ крај Вашингтон и се упати кон Белата куќа, пренесуваат медиумите.

Трамп излегол од болницата со медицнска маска на лицето, придружуван од агентите на Тајната служба. Приота не застанал да одговара на прашањата на новинарите кои дежурале пред болницата по претходната најава на претседателот и последниот извештај за неговата здравствена состојба која ја даде главнот лекар Шон Конли кога рече дека Трамп е во добра состојба и може да биде отпуштен од болничко лекување.

Потоа, со хеликоптер американскиот претседател бил пренесен кон Белата куќа.

Според снимките објавени на америакнските телевизиски канали, хеликоптерот слетал на Јужниот тревник во претседателската резиденција каде го очекуваа новинари акредитирани во Белата куќа.

Неколку минути пред најавеното време, во 6,30 часот по локално време, во кое ќе ја напушти болницата пред која изминатите три дена бдееја мноштво негови приврзаници, Трамп вети дека брзо ќе се врати во изборната кампања.

„Наскоро ќе се вратам во предизборната камања“, напиша Трамп на својот профил на Twitter обвинувајќи ги медиумите за објавување на лажни анкети за неговиот рејтинг.