Трамп ја посети Кеноша, насилствата ги спореди со „домашен тероризам“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го посети градот Кеноша, во сојузната држава Висконсин, кој стана епицентарот на последната ерупција на протести против расната нееднаквост и полициската бруталност кои беа проследени со невидени изливи на вандализам, палежи и две убиства, и тоа го оцени како „домашен тероризам“.

Опишувајќи го вандализмот и постојаното гаѓање на полицајците со камења, американскиот претедател оцени дека „тоа не се дела на мирните демонстранти, туку внатрешен тероризам“.

Кеноша, град со 170.000 жители пламна откако бел полицаец на 23-ти август тешко рани 29-годишен афромариканец во обидот да го приведе. Во крајно тензичната атмосфера во градот, кога беа запалени многу јавни згради и приватни фирми, 17-годишно момче од нелегалните групи за самоодбрана на имотите, кои медиумиет ги поврзуваат со поддржувачите на претседателот Доналд Трамп, е обвинет дека од полуавтоматско оружје убил две лица.

Снимките на интернет покажуваат дека голема група луѓе во трк се упатуваат кон локација во близина на бензинска пумпа по што се слушаат истрели и се гледа како лежат повеќе лица. Според медиумите, станува збор за демонстранти но не е објаснета причината за нивното упатување кон местото на кое се случил инциденот.

Медиумите, исто така, истакнуваат дека претедателот Трамп не го спомнал воопшто овој инцидент, туку ја критикувал „неправедната антиполициска реторика“ којашто во САД трае од крајот на мај кога бел полицаец го задуши афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

„Вие и натаму се враќате на спротивната тема. Мирните протести се одлични, но најчесто не се мирни“, одговорил Трамп на новинарско прашање.

Доналд Трамп уште еднаш се претстави како гарант на „законот и редот“, што е едно од неговите гесла во кампањата за претседателските избори на 3-ти ноември.

Во вторникот тој пристигна во Кеноша, и покрај противењето на локалните власти од ривалската Демократска партија. Тие изјавија дека појавувањето на Трамп „може само да го одложи излекувањето на градот“.

„Дојдов да им се заблагггодарам не силите на редот“, истакнал Трамп, додека во близина стотици негови противници и поддржувачи извикувале „Црните животи се важни“ и „Уште четири години“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.