Трамп ја потпиша уредбата за регулирање на заштитата на социјалните мрежи

(AP Photo/Evan Vucci)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша во четвртокот по американско време уредбата чија цел е да се ограничи нивната слободат во модерирањето и редактирањето на содржината објавувана од орисниците.

„Во американската историја не постои преседан кога толкав мал број корпорации контролираат голку голема сфера интеракцијата меѓу луѓето“, изјави Трамп пред потпишувњето на указот.

Според него, одлуките на компаниите во чијашто сопственост се социјалните мрежи за тоа кои објави се веродостојни, правењето измени во нив или блокирањето на нивната содржина, по суштината се уредувачка политика, а социјалните мрежи дејсвуват како информативно-издавачки куќи.

„Во таквите моменти Twitter престанува да биде неутрална јавна платформа и станува уредник со став. Сметам дека тоа може да се каже и за другите, ако ги погледенете Google, Facebook и, веројатно, и другите“, додаде Трамп.

Потоа во Овалната соба потпишувајќи го документот кој веројатно ќе значи почетокот на долга правосудна битка, порача дека со уредбата се одбрануваат основните права на Американците од носењето „уредувачки одлуки“ и „политичкиот активизам“ во изборот на објавите кои социјалните мрежи, во конкретниот случај Twitter одлучува да ги изначи како оние кои треба да се проверат или го блокира.

„Имаат неконтролирана моќ да цензурираат, да уредуваат, да кријат и да ги менуваат сите форми на комуникации меѓу поединци и широката поблика. Не можеме да дозволиме тоа да продолжи, тоа е многу неправедно“, рече Трамп од настанот кој беше пренесуван на телевизиите.

Според Трамп, оваа уредба бара нови прописи за тоа социјалните мрежи кои спроведуваат цензура да не можат да ја „сочуваат својата правна заштита“. Текстот на уредбата алудира на членот 230 од Законот за нормите на комуницирањет, кој им обезбедува на Facebook, Twitter, YouTube и Google заштита од судски прогон порди содржините кои ги објавува треата страна и им дава слобода по сопствена процена да интервенираат на платформите.

„Денеска ја потпишав извршната уредба за заштита на слободата на говорот, правата на американските граѓани. Социјалните мрежим, како Twitter, имаа досега невидена заштита од одговорност, засновна врз теоријата за тоа дека тие се неутрална платформа. Но тоа не е така. Извршниот указ е дизајниран да (воспостави) нова регулатива врз основа на членот 230 од законот (за етика) во комуникациите. Социјалните мрежи, вклучени во цензура или политичко дејствување нема да имаат повеќе заштита од одговорност, ова е голема одлука“, рече пред новинарите Трамп.

Како што додаде американскиот претседател, социјалните мрежи до пред носењето на овој указ „можеа да правт што сакаат“. Трамп истовремено ѝ порача на Федералната трговска комисија да ја следи усогласеноста на сајтовите со забраната за учество во секои „дејствија кои доведуваат во заблуда или нанесуваат штети на трговските активности“.

Одговарајќи на новинарско прашање американскиот претседател рече дека не исклучува забрана за дејноста за компанијата „Twitter“ и оти за тоа има намера да се консултира со правници.

„Би можел да го затворам (Twitter), колку што знам. Но мора да минам низ законските процедури. Не знам како, треба да се консултирам со правниците… Доколку тоа би било законски, доколку може легално да се затвори, би го сторил тоа“, рече Трамп.

Истакнa притоа дека има многу други социјални мрежи кои може да се користат наместо Twitter.

Трамп, исто така, одговори на прашање дека би го избришал својот акаунт од Twitter, кој го следат над 80 милиони корисници на мрежата, доколку во САД би имало чесни медиуми, во контекст на неговата повеќегодишна битка со големите американски медиумски куќи односно нивните сопственици, кои од почетокот на ниеговата номинација во 2016 година јавно објавија дека ја застапуваат страната не неговите противници.

„Доколку во оваа земја имавме чесни медиуми, би го направил тоа без двоумење“, рече Трамп и истакна дека не станува збор за сите, велејќи дека има многу добри новинари во САД кои многу ги почитува.

„Но според моето мислење, можам да постигнам 186 милиони лица, доколку додадам разни акаунти на Facebook и Instagram. Тоа е многу. И, искрено, тоа е многу повеќе отколку што ги имаат медиумските компаниии… Ќе напишам нешто, и следниот ден, следниот час или веќе следната минута сите веќе го читаат тоа. Така можам да ги побивам псевдо-вестите“, додаде Трамп.

 

Трамп против „политичката пристрасност“ на платформите

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави дополнителни регулирања или затворање на социјалните мрежи кои ги обвини за политичка некоректност и пристрасност, ден откако Twitter го означи неговиот твит како објава која корисниците треба да ги „проверта фактот“ од некои негови твитови. Трамп во неколкуте утрински твитови ги повторни своите одамнеши обвинувања за политичката пристрасност на технолошките платформи.

„Републиканците чувствуваат дека платформи на социјалните мрежи сосема ги стивнуваат гласовите на кознервативците… Силно ќе ги регулираме или затворме, пред некогаш да дозволиме тоа да се случи… Почнете чесно да се однесувате, ВЕДНАШ!!!“, напиша Трамп.

Американскиот претседател уште во август 2018 година жестоко ја критикуваше тогашната одлука на интернет гигантите да ги суспендираат активностите на американските десни конзервативци на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за дискриминација, и обвинувајќи две големи телевизии дека се „болни“. Коментарите тогаш следеа откако интернет гигантите започнаа офанзива против приврзаникот на теориите на заговор и претставник на крајната десница Алекс Џонс, кому му е забрането користење на мрежите Facebook и Spotify, а Twitter исто така на една седмица го ограничи неговиот профил.

„Социјалните мрежи апсолутно ги дискриминираат гласовите на републканците/конзервативците. Тие го замолчуваат многуте десничари, додека истовремено не прават ништо против другите… Цензурата е нешто многу опасно и апсолутно е невозможна за надзор… Ништо не е толку лажно како CNN и MSNBC, но сепак не барам да се укине нивното болно однесување… Нека учествуваат сите, и добрите и лошите“, истакна пред две години Трамп ветувајќи дека неговата влада тоа нема да го дозволи, но тогаш не наведе кои мерки би биле преземени.

Сервисот за микроблогирање Twitter во вторникот првпат досега со означување ги повика корисниците да ги проверат податоците во тивтовите кои ги објавува американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со дописното гласање се покажале наводно невистинити.

Американскиот претседател веднаш во твит им одговори на челниците на Twitter дека компанијата се меша и зазема страна во американските претседателски избори.

„Twitter целосно ја гуши СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, и јас, како претседател, тоа нема да го дозволам“, напиша Трамп алудирајќи на американскиот устав.

Со син извичник мрежата ги предупредува кориснциите да ги „проверат фактите за дописното гласање“ и ги насочува на страница со новински написи и информации кои ги дознал тимот на Twitter за проверка на фактите за тврдењата на Трамп.

Меѓутоа, нема појаснување како се врши селекцијата на презентираните медиумски содржини според кој „тимот за проверка на фактите“ одредува на која објава треба да се стави сомнеж. Така, еден од насловите на врвот од оваа страница која ја презенитра Twitter е „Трамп изнесува неосновани тврдења дека дописното гласање ќе доведе до изборни злоупотреби“.

Трамп, кого на Twitter го следат над 80 милиони корисници на мрежата, во своите твитови од вторникот наведе дека дописното гласање „во значителна мера би било нечесно“, како и дека „би резултирало со наместени избори“. Во врска со тоа директно го прозва гувернерот на сојузната држава Калифорнија, иако таа не е единствената која го користи овој начин на гласање.

Од Twitter потврдика дека првпат во историјата е применето правилот за посебно одбележување на твитовите на претседателот на САД откако претходно во мај беше воведена политиката на компанијата во врска со објавување „залажувачки информации“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.